Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
26 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
ИДЛИБ
Во воздушните напади кои припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сојузниците на Русија од синоќа ги вршат врз зоната на деескалација на судири на Идлиб, Сирија, загинаа четири цивили, а деветмина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионите на режимските сили од синоќа извршуваат напади на центарот на градот Идлиб, подрачјето Маратинуман и селата Кефр Сејна, Хамидија, Хазарин, Рубе ел Бсиду, Хис, Селт ез Зухур и Кирисау.
Во Маратинуман и Хамидија загина еден, а во Селт ез Зухур, двајца цивили. Ранети се девет цивили.
Екипите на Цивилната заштита ја продолжуваат работата на терен.
Исто така, авионите, за кои опозицискиот Опсерваториум за воздушен простор тврди дека се руски, извршија напади на Рубе ел Јуз.
Податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) покажуваат дека во нападите кои припадниците на режимот на Асад и сојузниците од 26 април до 23 јуни ги извршиле врз зоната на деескалација на судири во Идлиб, загинале 487 цивили, а 1.495 се ранети.