Barış Gündoğan
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека двајца војници загинале, а двајца се повредени во подрачјето на Хафтанин, во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на отворање на вознемирувачки оган од страна на припадниците на сепаратистичката терористичка организација во регионот Хафтанин, двајца наши војници, херои, го загубија својот живот, а двајца се повредени“, се нагласува во соопштението од Одделот за односи со јавноста на Министерството.
Се истакнува дека целите утврдени во регионот веднаш интензивно се нападнати и дека е даден соодветен одговор.
„Целите се уништени. Возвратено е за нашите загинати војници, и ќе продолжиме да возвраќаме. Изразуваме сочувство за нашите војници до нивните семејства и Турските вооружени сили, а на повредените војници им посакуваме брзо заздравување,“ се нагласува од Министерството.