Özcan Yıldırım
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушни операции во подрачјата на Зап и Гара, во северниот дел на Ирак, во чии рамки се неутрализирани четворица терористи на ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека Турските вооружени сили во рамките на операцијата „Канџа“ извршиле воздушни операции во подрачјето Зап и Гара, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа и магацини за муниција, а неутрализирани се уште четворица терористи.