İsa Toprak
15 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес неутрализираа најмалку тројца терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку Твитер, Министерството истакна дека терористите се неутрализирани од страна на Турските воздухопловни сили во регионот Метина, како дел од антитерористичката операција „Канџа-Молња“.
Турција ги започна операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ на 23 април во регионите Метина и Авашин-Басјан во северен Ирак во близина на турската граница.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, за да планираат терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.