Mehmet Tosun
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, при што неутрализираа 9 терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа-3“, која успешно продолжува, извршени се воздушни операции во подрачјето на Хафтанин.
Се нагласува дека во рамки на овие операции погодени се упоришта, засолништа, како и складишта за муниција, а неутрализирани се и девет терористи на ПКК.