Muhammed Boztepe
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 5 терористи на ПКК се неутрализирани со вооружените беспилотни летала во рамките на операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ реализирани во регионите Метина и Авашин-Басјан во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана се нагласува: „5 терористи на ПКК откриени во рамките на операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ во регионите Метина и Авашин-Басјан на северот на Ирак се неутрализирани од страна вооружени беспилотни летала (СИХА). Бројот на неутрализирани терористи се искачи на 42.“
Терористите на ПКК често се кријат во северниот дел на Ирак за од тоа подрачје да планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.