Orhan Onur Gemici
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека на подрачјето на Ширнак и Хакќари, на југоисточниот дел на земјата, со учество на 5.280 припадници на безбедносните сили започнати се операциите „Ерен Џуди-Беста” и „Ерен Казан-Огул”, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението на Министерството, операциите „Ерен“ се спроведуваат многу успешно и одлучно.
Се додава дека истовремено и во координација со операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“, започнати против терористите на ПКК на северниот дел на Ирак започнати се и операции во Ширнак и Хакќари, со цел уништување на оваа сепаратистичка терористичка организација, спречување на движење на терористите меѓу нивните упоришта и засолништа и неутрализирање на терористите.
Во операциите учествуваат вкупно 5.280 члена на воениот персонал, вклучувајќи ги командосите на Жандармеријата, специјалните тимови на Жандармеријата и припадници на специјалната полиција и безбедносните сили.
Во рамките на операциите „Ерен“, започнати во Турција на 11 јануари 2021 година, со цел искоренување на тероризмот, неутрализирани се 22 терористи, уапсени се 75 нивни соработници, уништени се 666 терористички пештери и засолништа и голем број оружје и муниција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авасин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат на северниот дел на Ирак и претставуваат главно гнездо на терористичката организација ПКК.