İsmail Şen,Pirhasan Doğan
29 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ЕЛАЗИГ
Според експертите, морските фосили пронајдени во источна Турција имплицираат дека регионот бил подводен пред милиони години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на селото Акџатепе во Елазиг, кои ги однеле своите животни на пасење на рид на просечна надморска височина од 1.100 метри над морското ниво, забележале дека на околните карпи има остатоци слични на школки и полжави.
Тие ја пријавиле ситуацијата на официјални лица од Универзитетот „Фират“ за детална истрага за остатоците на различни морски суштества.
Ерџан Аксој, професор по геологија на Универзитетот, открил дека фосилите припаѓаат на морски суштества кои живееле пред 34 до 48 милиони години.
- Плитки делови на морето
Зборувајќи за AA, Аксој рече дека фосилите слични на школки пронајдени на карпите се научно познати како „ламелибранхија“, оние што личат на полжави се „гастроподи“, лентикуларните фосили се „нуммулити“, а другите се од морски ежови и корали.
„Постоењето на фосилите во областа покажува дека ова место имало плитки делови на морето кои постоеле во изминатите геолошки периоди, со длабочина која не надминува 200 метри“, нагласи тој.
Ескпертот исто така вели дека ова море било дел од океанот Неотетхис (Neotethys), кој започнал да се отвора во регионот пред 240 милиони години.
„Морињата и океаните, како и суштествата, имаат одреден животен век. Кога ќе завршат со својот живот, тие се затвораат и почнуваат да се издигнуваат поради силата на компресијата што ги предизвикува да се затворат.
Тој нагласи дека постоењето на морски фосили во регионот и присуството на различни видови вреди да се испита за да се обезбедат информации за тоа пред колку милиони години областа била на морското дно.