Турција

Ердоган: „Турција испрати помош во 17 земји за борба против коронавирусот“

„Вкупно 69 земји побараа помош од нас и ние им испративме помош на 17 земји, во рамките на нашите можности...“

Ekipa  | 25.03.2020 - Обновена : 26.03.2020
Ердоган: „Турција испрати помош во 17 земји за борба против коронавирусот“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање до нацијата по повод мерките кои се преземени во борбата против новиот вид коронавирус, и последната ситуација, рече дека Турција е земја која најрано презела мерки против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тој во обраќањето рече дека вклучувајќи ги и земјите околу Турција, целиот свет се соочува со заканата од овој редок вид на заразна болест.

Додаде дека многу земји по избувнувањето на коронавирусот побарале помош од Турција со цел сузбивање на ширењето на вирусот.

„Вкупно 69 земји побараа помош од нас и ние им испративме помош на 17 земји, во рамките на нашите можности. Вложуваме огромни напори да не ги оставиме сами нашите пријатели во овие тешки денови“, рече турскиот претседател.

Потсетувајќи дека вирусот Ковид-19, за првпат се појави во Кина и се прошири низ целиот свет Ердоган рече: 

„Турција е една од ретките земји која најрано презеде мерки против Ковид-19. Министерството за здравство уште на почетокот на јануари, кога во Кина немаше смртни случаи, формираше Кризен центар, а веднаш потоа и Научен комитет. Мерките против Ковид-19 започнаа да се преземаат на 20 јануари.“

Ердоган истакна дека се следи состојбата на 53 илјади граѓани кои се во нивните денови, додека 8.554 граѓани се згрижени во болниците. 

„Третманот на 1.872 лица на кои им беше дијагностициран Ковид-19 продолжува. За жал, починаа 44 пациенти“, нагласи Ердоган.

Тој рече дека никој не треба да се сомнева во капацитетот и квалитетот на здравствените услуги во Турција.

„Турција во последните 17 години го спроведе најмоќното и широко распространето јавно здравствено осигурување во светот, ги изгради најмодерните болници во светот и со над еден милион медицински персонал нуди услуги со највисоки стандарди. Денес, нашата земја има огромна здравствена армија, има 165 илјади лекари во Министерството за здравство, на универзитетите и во приватниот сектор, 490 илјади друг вид на медицински персонал, од кои 205 илјади се медицински сестри и 360 илјади персонал за поддршка.“

Ердоган, потенцирајќи дека се подготвени за сите видови на сценарија, порача: „Со добра изолација, во рок од 2-3 недели ќе ја срушиме стапката на распространетост на болеста, и што е можно поскоро, од епидемијата на коронавирус ќе излеземе со најмала штета.“

Истакнувајќи дека по оваа епидемиска болест ништо во светот нема да биде како претходно, турскиот претседател рече дека се оди кон период каде ќе се гради нов глобален, политички, економски и социјален систем.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın