Sefa Mutlu
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, утре во 15.00 часот (по локално време) преку видеоконференциска врска ќе присуствува на вонредниот самит на лидерите на Г-20 во врска со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство, покрај Ердоган, на состанокот од вилата Хубер ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за финансии и трезор, Берат Албајрак, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.