Kemal Karadağ
26 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, соопшти дека во последните 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) во Турција починале уште 15 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа истакна дека со последниот број починати, вкупниот број лица кои ја изгубија битката со коронавирусот е 59.
„Во последните 24 часа завршени се 5.035 тестови. Дијагностицирани се 561 лице, починаа 15 наши пациенти. Бројот на пациенти што ги изгубивме досега е 59. Вкупниот број на дијагностицирани пациенти е 2.433,“ соопшти Коџа.
Тој нагласи дека бројките не можат да ја изразат болката и вознемиреноста, и порача граѓаните да се обидат да живеат со нула ризик.