Selçuk Acar
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Приведени се 143 демонстранти кои протестирајќи, блокираа автопат во градот Сент Луис во американската сојузна држава Мисури, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Сент Луис приведе 143 лица кои протестираа против одлуката од 15 септември, да биде пуштен на слобода полицаецот кој во 2011 година го уби Антони Ламар Смит, 24-годишен Афроамериканец.
Заедно со сто дваесеттемина други приведени на протестите одржани на 17 септември, бројот на лицата приведени во демонстрациите за истиот случај се искачи на 300.
Од друга страна, демонстрантите и групите за цивилна слобода ги осудија безбедносните сили за примена на остри мерки против демонстрантите. Од полицијата велат дека демонстрантите фрлале камења и други предмети, при што биле искршени излози на продавници.
Националната асоцијација за унапредување на правата на Афроамериканците (NAACP) во предходните месеци упати предупредување до Афроамериканците да не патуваат во сојузната држава Мисури, поради можноста да бидат запрени од страна на полицијата.