Büşra Selvi Öğütcen
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
МЕКСИКО (АА) - Во мексиканската сојузна држава Гуереро вооружени напаѓачи убија две лица и киднапираа четворица полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Гуереро изјави дека напаѓачите на себе имале облека слична на воена униформа и маски на главите. Тој информира дека во нападот изведен во градот Ксоципала, кој се наоѓа во близина на главниот град Чилпансинго, животот го загубиja двајца мажи на возраст меѓу 64 и 72 години.
Портпаролот рече дека во нападот е ранета една жена, а откако напаѓачите киднапирале четворица полицајци, со 8 возила се одалечиле од местото на настанот.
Во подрачјето се испратени припадници на безбедносните сили со цел да ги пронајдат киднапираните полицајци.
Оваа област е позната по големото производство на афион и во неа често доаѓа до судири меѓу нарко бандите.