Sena Güler
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките безбедносни сили го ослободија градот Хавиџа во северната ирачка покраина Киркук од припадниците на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ослободувањето на едно од последните упоришта на ДЕАШ во Ирак е потврдено од шефот на ирачките безбедносни сили, Абдул Амир Јарула.
Ирачките сили за безбедност на почетокот од овој месец ослободија 25 села и воен аеродром во западниот дел на покраината Киркук, во рамките на операцијата за ослободување на Хавиџа.
Хавиџа е гратче коешто се наоѓа западно од центарот на Киркук, јужно од Мосул, кој од летото 2014 година е под контрола на терористите на ДЕАШ.
Откако здружените ирачки сили го ослободија Мосул, а потоа и Тел Афер, терористите на ДЕАШ ги концентрираа своите сили во Хавиџа.