Murat Karadağ
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ХАЛАПА (АА) - На источниот брег од Мексико, во државата Вера Круз, како последица на обилните дождови и ураганот „Ерл”, поради лизгање на земјиштето животот го загубиле шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Секретарот на Цивилна заштита на Вера Круз, Јоланда Гутиерез Карлин, во своето обраќање соопшти дека како последица на дождовите кои ги донела тропската бура, шест лица ги загубиле своите животи, меѓу кои и едно дете.
На истокот од државата Вера Круз, во Коскоматепек, поради лизгање на земјиштето, животот го загубиле брачен пар и нивното едногодишно бебе, соопшти Карлин, додека во градот Текила од лизгање на земјиште загинале три лица.
Претставничката на Цивилната заштита на Вера Круз истакна дека од прелевање на 15 реки, во областа се погодени голем број патишта и населени места.
Од почетокот на неделата досега, Централна Америка се наоѓа под влијание на ураганот „Ерл”, кој предизвика големи материјални штети во Гватемала и јужниот дел на Мексико. Во Мексиканскиот Залив продолжува влијанието на овој ураган.