Oktaj Omeragikj
11 Февруари 2022•Ажурирај: 13 Февруари 2022
МЕКСИКО СИТИ
Девојчето гениј од Мексико, Адара Перез Санчез, позира за портрет во кулата „Реформа“ во Мексико Сити, Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Десетгодишното девојче гениј освои 162 поени на нејзиниот IQ-тест, два поени повеќе од физичарот Алберт Ајнштајн и астрофизичарот Стивен Хокинг.
На Адара Перез на 3-годишна возраст и беше дијагностициран Аспергер (спектар на аутизам). Таа на 5 години заврши основно училиште, а на 8 години, средно училиште. Адара веќе заврши инженерска математика и во моментот изучува системско инженерство. Нејзината мајка Налели Санчез рече дека Адара е многу заинтересирана за изучување астрофизика на Универзитетот во Аризона.