Ekipa
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
КАБУЛ (АА) - Група вооружени лица во воени униформи денес киднапираа американски и австралиски државјани во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти авганистански неименуван безбедносен претставник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Безбедносното официјално лице истакна дека двајцата странци се киднапирани од нивните возила, на главната улица во близина на Американскиот универзитет во Авганистан. Се верува дека двајцата се вработени во Универзитетот.
Австралиската Канцеларија за надворешни работи и трговија соопшти дека амбасадата на Австралија во Кабул настојува да ги „провери наводите во врска со киднапирањето”.
Минатата година во Кабул беа киднапирани тројца странски државјани и сите беа ослободени. Во градот Џалалабад, на истокот од земјата, во април киднапирана е државјанка на Австралија, по неа сè уште се трага.