Aldıjana Hadzıc
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад на возило во Кабул, главниот град на Авганистан, загинаа 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот во кој се повредени девет лица е изведен врз комбе кое превезувало работници од Непал. Сите загинати и пет од повредените лица се државјани на Непал, додека останатите ранети лица се од Авганистан.
Меѓу повредените се наоѓа и еден Авганистанец, член на Собранието.
Преземени се високи мерки на безбедност околу местото на нападот.