Recep Şakar
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
МЕЛБУРН (АА) – Кординаторот на Коалицијата за мигрантска активност (RAC) во Сиднеј, Јан Ринтул, изјави дека Австралија има мошне безмилосна мигрантска политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Јан Ринтул, координаторот и портпарол на RAC во Сиднеј, организација која се ангажира за правата на бегалците, даде своја изјава поврзана за домашните и меѓународните критики упатени кон мигрантската политика на Австралија.
Ринтул потсети дека Австралија е поранешна британска колонија, и како таква ги сноси сегашните последици од истото. Според него секоја партија го користи цврстиот став против барателите на азил, како предност за да дојде на власт,
„Во австралискиот законик не се предвидени права за баратели на азил. Сите влади до сега ја ограничуваат имиграцијата во Австралија за барателите на азил“, додаде Ринтул.
- “Прифатните центри се дизајнирани за да ги испраќаат луѓето назад“
Според Ринтул условите во прифатилиштата на островите Манус и Науру се многу лоши, и истите не ги исполнуваат стандардите за прием на лица.
„Овие центри како да се дизајнирани да им ги срушат мечтите на овие луѓе, а не за да им помогнат. Доставено е барање за затворање на прифатниот центар на островот Манус, од страна на Врховниот суд во Папуа Нова Гвинеја, поради неговото незаконско управување, и лицата кои престојуваат во истиот, по изборите кои ќе се одржат на 2 јули, ќе бидат донесени во земјата. Овие кампови впрочем не се азилантски кампови, туку казнени домови, во кои како под казна се сместуваат пристигнатите лица за да бидат убедени да се вратат назад во земјите од кои доаѓаат“, истакнува Ринтул.
Ринтул, повикувајќи се на бегалската криза во Европа, истакна дека е задоволен од позитивното прифаќање на азилантите, кои пристигнуваат со бродови во земјите. Но потсети дека по извесно време европските влади постапиле на начин ист како во Австралија.
„Издигнаа ѕидови за да се справат со бегалците, воведоа гранична полиција, поставија жици, отворија кампови за нивно задржување надвор од сопствените граници. Ние не сакаме да бидеме сведоци на истото“, рече тој.
- Турција е добар пример за отварањето на вратите за бегалците од Сирија
„Понекогаш Австралија вели дека нема да биде во можност да прифати толкав број на луѓе. Во текот на 2016-та, Турција во 3 дена прифати приближно 300 илјади лица. Истата бројка е поголема од вкупниот број на баратели на азил во Австралија од 1975 година навака. Но, Турција успешно се справува со оваа работа“, рече Ринтул, истакнувајќи дека Турција, претставува “еден добар пример“, поради отворањето на вратите за бегалците од Сирија.
Според Ринтул, помалку развиените земји прифаќаат многу повеќе азиланти отколку високо развиените земји како што е Австралија, при тоа потенцирајќи дека истите не сакаат да сносат никаква одговорност кон бегалците кои доаѓаат од погодените места на Средниот Исток, без разлика на вината.
„Ние имаме власт која наместо да ја зголеми, ја ускратува хуманиратната помош. Правејќи една генерална споредба, се доаѓа до констатација дека Австралија не го спроведува она што е нејзин дел. Власта пак, потенцира дека Австралија претставува една од главните земји-матица за сместување на имигранти. Доколку се земат в предвид само критериумите од Високиот комесеријат за бегалци при Обединетите Нации (УНХЦР), да точно е дека Австралија е една од нив. Но ако погледнеме според бројот на примени имигранти, Австралија е 67 земја во светот, што значи дека Австралија може и треба да прифаќа поголем број на луѓе кои сакаат да живеат во неа“, рече Ринтул, надоврзувајќи се на тврдењето дека Австралија не го спроведува она што е во нејзин потенцијал.
Беше објавено дека Австралија, која годишно прифаќа 13 илјади 750 имигранти, дополнително ќе прими и 12 илјади азиланти од Сирија. Но бранителите на човекови права, бројката не ја сметаат за доволна. Тие бараат затворање на прифатните центри на островите, и прифаќање на сите оние кои успеале со бродови да дојдат до брегот на Австралија.