Sayed Khodaberdi Sadat
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени во самоубиствен напад кој беше изведен во близина на зградата на Министерството за одбрана на Авганистан, во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Феридун Убајди од полицијата во Кабул за АА изјави дека бомбашот-самоубиец ја активирал експлозивната направа поставена на мотоцикл, токму кога поминувал покрај возилото на безбедносните сили во областа на Пул-е Махмуд Хан.
Тој потврди дека загинаа четворица, а повредени се 11 лица. Некои од ранетите се во тешка здравствена состојба. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.