Hasan Esen
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, рече дека се зголемуваат знаците коишто покажуваат дека терористичката организација ФЕТО сигурно одиграла значајна улога во обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Tимерманс зборуваше за неделниот весник „Кнак“ во Белгија: „Турците се во право кога велат дека во врска со обидот за државен удар, странските држави не покажале емпатија. Можевме да бидеме подарежливи во однос на поддршката“.
Официјалниот претставник на ЕУ рече дека Европа не му дала значење на обидот за државен удар.
„Веќе е јасно е дека наводите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со улогата на движењето на Ѓулен во обидот за државен удар не се целосно беззначајни. Истражувањата направени во САД покажуваат дека движењето сигурно одиграло улога во обидот за државен удар“ изјави тој.
Со своите изјави, Тимерманс стана првиот висок официјален претставник на ЕУ што призна дека ФЕТО одиграла улога во обидот за државен удар.
- „Избројани се деновите на Фетула Ѓулен“ -
На почетокот од интервјуто, Тимерманс вели: „Избројани се деновите на Фетула Ѓулен. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека ќе го екстрадира лидерот на движењето, Ѓулен. И Комисијата на ЕУ нема ништо против ова“.
Од друга страна, по објавувањето на интервјуто, членовите на ФЕТО во Белгија и во Холандија реагираа со изјави дека Тимерманс треба да ги повлече своите зборови.