Besar Ademi
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Известителите за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Република Македонија, по неколку официјални посети во земјата се фокусираа на решавање на актуелната политичка криза, апелираа до големите политички партии за целосна имплементација на Договорот од Пржино, бидејќи тоа е единствениот начин за слободни и демократски избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Известителката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Република Македонија, Лиза Кристоферсен информираше дека оваа недела одржале неколку состаноци во Скопје, Тетово и Гостивар, со цел да се соберат податоци во текот на овој период кога државата е во многу чувствителна ситуација. За договорот од Пржино изјави дека во рамките на посетите се посветија на управувањето со една од најсериозните политички кризи од 2001 година па наваму.
"Ќе продолжиме со нашата поддршка за сите страни да се постигне целосна имплементација на Договорот од Пржино. Нашите разгледувања покажуваат дека сите страни остануваат посветени на овој договор, иако со задоцнување во одредени прашања. Не се сомневам дека договорот содржи некои значајни позитивни чекори за подобрување на изборната рамка и продолжување на реформскиот процес ", рече известителката Кростоферсен.
Од друга страна, известителот Валериу Гилетчи изјави дека сите потписници на договорот од Пржино се согласни дека целосната имплементација на договорот и одржување на слободни и демократски избори се единствениот начин за излез на земјата од политичката криза.
"Одржувањето и организирањето на изборите е договорено од страна на најголемите политичките партии во земјата, аперлираме да не ја изгубиме можноста за и понатаму да се разговара за да се постигне компромис, и за да се стигне до точка каде може да се организираат значајни избори во интерес на народот", рече известителот Гилетчи, додавајќи дека тие ќе помогнат во организацијата и следењето на предвремените парламентарни избори.
Утре се очекува Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) да го објават извештајот, доколку се исполнети сите услови за одржување на слободни и демократски избори.