Ekipa
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа и три се повредени утринава, откатко бомбаш-самоубиец активирал експлозив на периферијата од градот Кабул, Авганистан, изјавија безбедносни извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Целта на бомбашот-самоубиец било возило кое превезувало судски службеници во покраината Вардак, на 120 километри западно од Кабул.
„Во жртвите се вклучени цивили и персонал на апелациониот суд”, изјави заменикот-министер за внатрешни работи, Најбулах Даниш.
Ниедна група не презеде одговорност за нападот, но талибанците предупредија на напади врз судскиот систем на Авганистан, откако шест нивни припадници неодамна беа убиени.