Ekipa
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ДУБАИ (АА) - Официјални лица во Дубаи најавија проект вреден 270 милиони долари (околу 241,5 милиони евра). Со овој проект планирана е изградба на куќи и продавници долж каналот во Дубаи, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот наречен "Marasi Bussines Bay" ќе биде изграден од „Дубаи Холдинг”, конгломерат контролиран од Мухамед бин Рашид ал Мактум, премиерот на Владата на Обеднетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емирот на Дубаи.
„Дубаи Холдинг” денес соопшти дека за време на реализација на проектот планира да изгради 12 километри долги шеталиште, пет марини, ресторани, продавници и куќи на брегот. Се наведува дека шеталиштето треба да биде изградено до септември оваа година, а целиот проект да биде завршен до 2023 година.
Комплексот "Marasi Business Bay" ќе биде сместен во близина на центарот на градот, каде што се изградени високи станбени згради и деловни кули како што се Дубаи и Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот.
Овој проект за развој доаѓа откако Дубаи повторно започна со низа проекти од висок профил по финансиската криза во 2009 година.