Şener Toktaş,Harun Nacar
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
БИТЛИС (АА) - Во градот Aдилџеваз, во источна Турција направен е бастум украсен со сребро, дијаманти, седефи и рубини, кој се проценува на 25.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Бастумот е направен од ореово дрво старо пет века, а со него може да се пофали мајсторот еден Џумали Бирол кој со големо внимание и трпение го изработуваше шест месеци. Како што изјави тој, бастумот ќе биде изложен на саемот во Дубаи.„За изработка на бастумот беше искористено дрво од орев старо пет века, 9,5 метри сребрена жица, смарагди, рубини, сафири и седеф.
За да се постави еден камен, потребни ни се и до три дена. Бидејќи работиме квалитетно и сигурно потребно ни е време. Еден ваков бастум може да се изработи еднаш во шест месеци. Сега тој е подготвен и го очекува неговиот сопстевник”, вели Бирол.
Како што додава во наредните неколку месеци ќе работи на еден поинаков дизајн.
Бирол истакна дека бастумот го направил со намера да укаже на традиционалните турски ракотворби и на тој начин се обидува да ја врши својата работа.