Ekipa
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ДУБАИ (АА) –Градежната компанија ‘Emaar Properties’, изведувачот на изградбата на највисоката зграда на светот, кулата “Бурџ Халифа” во Дубаи, планира да изгради уште поголема кула во доминантниот центар на Емиратите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на компанијата, Мухамед Алабар, изјави дека култа за набљудување ќе биде повисока од кулата Бурџ Халифа чија висина е 828 метри, не прецизирајќи за колку точно.
Од следниот проект се очекува да стане нов симбол на Дубаи, дизајниран од страна на архитектот со шпанско - швајцарско потекло Сантијаго Калатрава Валс, познат по екстравагантните објекти.
Објектот со игличаста форма со поставен обсерваториум скоро на самиот негов врв ќе биде отворен во 2020 година.