Salih Şeref
17 Ноември 2023•Ажурирај: 19 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Фоторепортерот на Анадолу, Ариф Худаверди Јаман, доби награда на Меѓународниот натпревар за фотографија „Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум“ (ХИПА) организиран во градот Дубаи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Церемонијата за доделување награди на дванаесеттото издание на овој натпревар се одржа во Оперската сала во Дубаи.

Фоторепортерот на Анадолу, Јаман, во категоријата „Портофлио“ го освои второто место со серијата фотографии насловена „По земјотресите во Туркије“, снимени во Хатај по земјотресите што се случија на 6 февруари.
Годинашната тема на натпреварот, кој секоја година се организира со различни теми под покровителство на престолонаследникот на Дубаи, принцот, шеикот Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум, беше „Диверзитет“.
Во рамките на натпреварот беа доделени 25 натпревари во седум различни категории.