Ekipa
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
ДУБАИ (АА) - Агенцијата за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) од Обединетите Арапски Емирати ќе испорача шатори, ќебиња и друга помош за северниот дел на Ирак, со цел да им помогне на оние што се погодени со одвивањето на воената кампања за ослободување на Мосул од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратката на УНХЦР го напушти денес Меѓународниот хуманитарен град (IHC) во Дубаи и се очекува да пристигне утре до оние на кои им е потребна помош.
„Околу 7.000 единици помош ќе бидат испратени во северен Ирак. Денес од дистрибутивниот центар во Дубаи тргнуваат околу 1.500 комплети“, изјави Солиман Мохамед Дауд, висок офицер за снабдување во УНХЦР.
Ирачките и курдските сили, со поддршка на Соединетите Американски Држави, на почетокот од месецот започнаа операција за ослободување на Мосул од ДЕАШ.
Хуманитарните организации стравуваат дека егзодусот од Мосул би можел да ги преплави камповите за бегалци, кои се поставени на периферијата од градот.