Barış Seçkin
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
РИМ (АА) - На чамец со мигранти кои по нелегален пат се обиделе да преминат преку Средоземното Море, пронајдени се 25 тела, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанскиот канал „Раињуз“ соопшти дека брод на „Лекари без граници“ (МСФ) во близина на брегот на Либија спасил 246 мигранти кои пловеле на два чамца.
Од еден чамец се спасени 107 мигранти, а пронајдени се и 25 тела кои се извлечени од долниот дел на чамецот.
Утврдено е дека овие лица се удавиле.
Според податоците на УНХЦР, од почетокот на годината, преку Средоземното Море на брегот на Европа стигнале 327.800 лица, а на тој пат починале 3.740. Официјалните лица на УНХЦР 2016 година ја оценија како најсмртоносна за мигрантите и бегалците.