Ahmet Gençtürk
25 Јули 2024•Ажурирај: 26 Јули 2024
АТИНА (АА) - Невладината организација за правата на мигрантите вчера објави дека над 30.000 мигранти се удавиле или исчезнале во водите на Медитеранот во обид да дојдат до Европа, известува Анадолу.
Тврдејќи дека вистинскиот број е многу поголем, обвинувајќи ја ЕУ за големиот број смртни случаи, Си Воч Интернешнл на социјалната мрежа Х објави дека голем број непријавени настрадани мигранти се наоѓаат на дното на Медитеранот.
„Ги оплакуваме сите луѓе што ги уби тврдината Европа“, се вели во соопштението.
Ја повикаа ЕУ да дејствува за да се запрат смртните случаи.
„Бараме сигурен премин и слобода на движење за сите“, порачаа од Си Воч Интернешнл.