Betül Yürük
08 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе овозможи испраќање на помош во градовите како што се Мадаја, Фуа и Кафарја, соопштија од ОН, јавува Anadolu Agency (АА).
Обединетите нации изразија загриженост дека има повеќе од 400.000 луѓе под опсада, како што се Деир ез-Зор, Кафарја, Мадаја, Фуа и Источна Гута. Најмалку 42.000 луѓе во Mадаја се наоѓаат на работ на глад.
Во соопштението е изразено задоволство што хуманитарната помош ќе може да биде доставена до оние на кои навистина им е потребно. Како минатата година помошта беше одобрена само на десет проценти од барањата за испраќање хуманитарна помош на ОН и другите хуманитарни организации. Според бројките на ОН, најмалку 4,5 милиони Сиријци се во тешки услови, а 400.000 немаат основни услови за живот.
Така, на пример Maдаја е под опсада седум месеци. Луѓето од таа област живеат на работ на глад, каде што не име дозволен пристап до основните прехранбени производи. Поради опсадата во регионот минатиот месец од глад починаа 23 лица.