Amina Zorniç
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
АМАН (АА) - Многу туристи го искористија викендов за да уживаат на брегот на јорданскиот Аман во лековитите својства на Мртвото Море, пишува Anadolu Agency (AA).
Оваа најсолена водена површина оддалечена е само 50 километри од Аман. Иако се нарекува море, станува збор за најсоленото езеро на светот каде што водата е дури десет пати посолена од обичните морска вода.
Мртвото Море се наоѓа 422 метри под нивото на морето, што е воедно и најниската точка на планетата. Своето име го добило по огромната соленост поради која во морето не живеат ниту растенија ниту пак има воден животниски свет.
Сепак, лековитите својства на водата, солта и минералите, се познати ширум светот.
Современите научни истражувања ја докажаа лековитоста на Мртвото Море а лабораториските испитувања го докажаа неговиот состав и квалитет. Така, потврдено е дека еден килограм вода од Мртвото Море содржи 400 грама минерали и сол, најмногу магнезиум, калциум и калиум, потоа натриум, бромид, јодид и сулфур.
Минералите и лековитата кал од Мртвото Море со ефектот на осмоза ѝ ги враќаат изгубените минерали на кожата, поттикнувајќи регенерација на кожата и воспоставување на заштитна кисела ph вредност на кожата, која овозможува ефикасна заштита од инфекции.
На ова место доаѓаат луѓе од целиот свет за да ги решат дерматолошките проблеми.