Холандската авиокомпанија ги откажа сите летови до Дубаи до крајот на март поради конфликтот на Блискиот Исток
„Поради тековните немири на Блискиот Исток, КЛМ одлучи да ги откаже сите летови кон Дубаи до 28 март, вклучително и 28 март“
ИСТАНБУЛ (АА) - Ројал дач ерлајнс (КЛМ) денес соопшти дека ги откажува сите летови кон Дубаи до крајот на март поради континуираните напади на САД и Израел врз Иран и одмаздничките напади, пренесува Анадолу.
„Поради тековните немири на Блискиот Исток, КЛМ одлучи да ги откаже сите летови кон Дубаи до 28 март, вклучително и 28 март“, објави КЛМ во соопштение.
Исто така, се истакнува дека авиокомпанијата нема да лета до саудиските градови Ријад и Дамам „до четврток, 12 март“.
Откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, во кои досега загинаа повеќе од 1.300 луѓе, меѓу кои и поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, непријателствата ескалираа.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американски воени бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
