Nilay Kar
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турција под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе игра поодлучна улога на Блискиот Исток во претстојните години, велат експертите за турската надворешна политика, јавува Anadolu Agency.
Аналитичарите зборуваа за наредните пет години во турската надворешна политика под раководство на Ердоган, во однос на глобалните биланси.
Експертот од Универзитетот „Јилдирим Бејазит“ во Анкара, Билал Самбур, рече дека Ердоган ќе применува „порешителни“ политики во услови на тешки околности во текот на наредните години и дека Турција ќе ја преземе позицијата „актер“ во светот.
Нагласувајќи дека Турција би можела да со соочи со многу предизвици во врска со Иран, Сирија и Ирак, како последица на своите односи со Русија и САД, тој изјави: „Со цел да го надминеме овој тежок период, постои потреба за силна иницијатива и раководство во рамките на власта на претседателот Ердоган.“
„Најважната карактеристика на Ердоган е таа што тој може да каже „не“ на САД, која посакуваше слаби турски влади кои постојано влеа само ‘да’ “, вели Самбур.
„Во случај на американска и израелска (воена) интервенција во Иран, мислам дека Ердоган ќе ја искористи својата иницијатива и ќе добие ефективни резултати.“
„Турција, под водство на Ердоган, ќе биде единствена земја која ќе ја одбие можната воена интервенција во Иран. Мислам дека САД дефинитивно ќе го разгледаат тој отпор, додека прават планови за нашиот регион“, додаде тој.
Друг експерт од Универзитетот „Улудаг“ во северозападната област Бурса, Ибрахим С. Џанболат, исто така ја нагласи важноста на ставот на Турција за Блискиот Исток.
„Турција, која се наоѓа на важна позиција во регионот и светот, е најсилната земја на Блискиот Исток“, рече тој.
Истакнувајќи дека постојат големи проблеми во околината на Турција, како што се Ирак, Сирија и израелско-палестинското прашање, Јемен, „Народот во овие земји не е сроден со дравата, а демократските конвенции и пракса ги гледа само во Турција“, рече Џанболат.
„Работата на Турција не е лесна, тешка е, но доколку Турција ја одржи стабилноста во земјата, може да ги доведе односите во Блискиот Исток на многу постабилна точка“, вели тој.