ЕСКИШЕХИР (АА) – Во турскиот град Ескишехир се одржа церемонија за доделување сертификати на 17 здравствени работници, учесници во Општата обука за хипотерапија, организирана во соработка на Дирекцијата за здравствена заштита (ESOGÜ) во Ескишехир и Универзитетот „Османгази“, во рамките на Програмата за техничка поддршка на Агенцијата за развој на Бурса, Ескишехир и Билеџик (BEBKA), јавува Anadolu Agency (AA).
Здравствените работници, меѓу кои лекари и психолози, учествуваат на општата обука која започна во мај и се организираше во Центарот за применета обука и терапија со коњи при Вишата стручна школа за одгледување коњи „Махмудије“, при Универзитетот „Османгази“, која вклучува 43 часа одгледување и јавање коњи и 42 часа терапија со коњи.
На оваа церемонија за доделување сертификати учествуваа пратениците на АК Партијата од Ескишехир, Наби Авџи и Емине Нур Ѓунај, директорот на Градската здравствена дирекција, Угур Билге, ректорот на Универзитетот „Османгази“, проф. д-р Кемал Шеноџак, директорот на Вишата стручна школа за одгледување коњи „Махмудије“, Хакан Чалишкан, како и други поканети гости.

Авџи во своето обраќање истакна дека овој проект кој го започнале, достигнал едно убаво ниво, и потсети дека османлискиот султан Махмут II, во „Махмудије“ ги поставил темелите на одгледување коњи за Османлиската војска.
„Махмудије стана еден центар кој даваше корисни услуги за Османлиската војска. И во периодот на Републиката, на ова место продолжи културата на одгледување коњи. Центарот за применета обука и терапија со коњи при Вишата стручна школа за одгледување коњи „Махмудије“ при Универзитетот „Османгази“, беше еден од најконкретните примери на подигање на свеста за процесот на терапија со коњи, кој во 2005 година во Анкара го започна претседателот Реџеп Таип Ердоган“, додаде Авџи.
Како што рече тој, починатиот турски министер за финансии, Кемал Унакитан, вложил напор за овој центар повторно да биде центар за одгледување коњи во Турција.
Тој информираше дека Универзитетот „Османгази“, тука основал виша стручна школа за одгледување коњи и за терапија со коњи.
„Упатувам благодарност до тогашниот ректор Хана Ѓонен, кој за време на една посета, заедно со Неџдет Озел, тогашниот началник на Генералштабот на Турската војска, во 2013 година, кога бев министер за национално образование, се осврна на карактеристиките на ова место, и истакна дека планираат да започнат програма за терапија во Ѓулхане за ветераните на терористички активности, и дека „Махмудије“ е соодветно место за оваа работа“, рече Авџи.
Авџи нагласи дека во 2013 година, кога Ескишехир беше главниот град на културата на турскиот свет, ја актуелизирале темата за основање еден центар за терапија со коњи.
- Ѓунај: „Пример кој му доликува на Ескишехир“ -
Пратеничката на АК Партијата од Ескишехир, Емине Нур Ѓунај, изјави дека од иновативна гледна точка, Центарот е од големо значење за Ескишехир. За овој објект, втор од овој вид во Турција, пратеничката Ѓунај истакна дека претставува добар пример кој му доликува на Ескишехир.
Угур Билге, директор за здравство во областа Ескишехир, рече дека хипотерапијата има 2.500-годишна традиција. Со наредба на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Ескишехир започнал процесот за изградба на објектот.
Ректорот на Универзитетот „Османгази“ во Ескишехир, проф. д-р Кемал Шеноџак, го изрази своето задоволство што е дел од церемонијата за доделување сертификати за основна обука на здравствениот персонал за хипотерапија, организиран во рамките на Програмата за техничка програма, од страна на Вишата стручна школа за одгледување коњи „Махмудије“ и обласната Дирекција за здравствена заштита.
- „Право на сертификат добија 17 успешни здравствени работници“ -
Шеноџак истакна дека Центарот за применета обука и терапија со коњи е еден од првите центри во Турција кој започнал со своите активности.
„Со цел обука на тренери за терапија со коњи, Вишата стручна школа за одгледување коњи „Махмудије“, Центарот за применета обука и терапија со коњи (хипотерапија) и Турската федерација за јавање, потпишаа протокол за соработка кој стапи во сила во 2017 година. Со цел обука на специјализиран медицински персонал кој ќе ги задоволи потребите, потпишан е договор за соработка со обласната Дирекција за здравствена заштита. Под раководство на Дирекцијата за здравствена заштита, во рамките на Програмата за техничка програма, во мај е спроведена основна обука на медицински персонал за терапија со коњи. Теоретската и практичната настава беа спроведени во Вишата школа за одгледување коњи „Махмудије“. Право на сертификат добија 17 успешни здравствени работници. На тој начин ќе биде обезбеден обучен, вешт сертифициран медицински персонал за услугите во терапијата со коњи“, рече Шеноџак.
Директорот на Вишата школа и одговорен за лекарската обука, Хакан Чалишкан, изјави дека е среќен што е дел од Програмата за сертифицирање.