Турција

Турската полиција го приведе „златното момче“ на ФЕТО и неговата сопруга

Поранешниот шеф на Одделот за разузнавање во Анкара, Зеки Ѓувен, спаѓаше во редот на таканаречени „златни деца“ на ФЕТО, а неговата сопруга Севда Ѓувен е поранешна судијка

Emrah Yaşar  | 22.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Турската полиција го приведе „златното момче“ на ФЕТО и неговата сопруга

Eskisehir

ЕСКИШЕХИР (AA) - ЕМРАХ ЈАШАР –

Турската полиција утрово изведе успешна операција во Ескишехир и го приведе брачниот пар Ѓувен, кој беше дел од највисоките структури на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во безбедносните и правосудните институции на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот, во соработка со Одделот за разузнавање, утрово на паркинг во близина на трговски центар во Ескишехир, северозападна Турција, ги приведоа Зеки Ѓувен (48) и неговата сопруга, Севда Ѓувен.

Поранешниот шеф на Одделот за разузнавање во Анкара, Зеки Ѓувен, спаѓаше во редот на таканаречени „златни деца“ на ФЕТО, а неговата сопруга Севда Ѓувен е поранешна судијка.

Зеки Ѓувен во судските постапки на три суда во Анкара е меѓу обвинетите за основање и водење на терористичката организација ФЕТО, а неговата сопруга, исто така, се товари за членување во таа организација.

Преку злоупотреба на службената функција во разузнавачките институции, Зеки Ѓувен имаше важна улога во многу случаи на прислушување и снимање на турски официјални лица по налог на терористичката организација ФЕТО.

Тој е еден од 171 обвинет во случајот на објавувањето снимки од приватниот живот на поранешниот претседател на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Дениз Бајкал, и раководителот на опозициската Партија на национално движење (MHP). Овој процес се води во судот во Анкара, а првообвинет е водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.

Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и, на крај, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција. Во обидот за пуч загинаа најмалку 250 лица, а неколку илјади беа повредени.

Турските надлежни институции спроведуваат опсежни истраги за судските постапки против оваа терористичка организација.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın