Турција

Турската полиција заплени над 120 килограми хероин

Хероинот бил пронајден во цевки во приколка откако антинаркотичките тимови го стопирале возилото на автопатот Анадолу во близина на подрачјето Картепе

Nilay Kar  | 22.05.2018 - Обновена : 22.05.2018
Турската полиција заплени над 120 килограми хероин

Ankara

КОЏАЕЛИ/ТЕКИРДАГ (АА) - Полицијата заплени 129 килограми хероин за време на операција против дрога во северозападната турска област Коџаели, велат полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Хероинот бил пронајден во цевки во приколка откако антинаркотичките тимови го стопирале возилото на автопатот Анадолу во близина на подрачјето Картепе“, изјави изворот кој зборуваше под услов да остане анонимен.

„Тројца осомничени трговци со дрога се уапсени по извршениот претрес на приколката“, велат изворите.

„Во друга операција против дрога во западната област Текирдаг, седум лица се уапсени за употреба и трговија со дрога“, додаваат изворите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın