Cankut Taşdan,Sertaç Bulur
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во заедничка операција на безбедносните и разузнавачките сили на Турција, беа запленети 200 килограми хероин кој се произведувал во кампот на терористичката организација ПКК/КЏК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван безбедносен извор за АА јавува дека турската полиција во градот Ризе пресретнала еден камион за кој службата открила дека превезува големо количество на дрога произведена во терористите камповите на ПКК во планините на северен Ирак.
Во камионот биле пронајдени и запленети 200 килограми хероин, а уапсениот возачот е предаден на надлежните органи за гонење.
Од полициската управа за борба против трговијата со дрога соопштија дека истрагата за случајот е во тек и дека турските сили продолжуваат широка борба против шверцерите.