Sarp Özer
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
АНКАРА (АА)- Началникот на генералштабот на САД Џосеф Дунфорд престојува во Анкара во рамките на официјалната посета. Командантот гостин во кабинетот на генералштабот на Турција се сретна со Началникот на Генералштабот на Турција, армискиот генерал Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сопштението од генералштабот, на барање на САД, началникот на Генералштабот на САД, армискиот генерал Џозез Дунфорд се наоѓа во официјална посета во Турција.
Во рамките на посетата тој се сретна со началниот на генералштабот на Турција, генералот Хулуси Акар. Средбата продолжи во кабинетот на генералштабот на Турција