Selçuk Kızıldağ
16 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
ЕСКИШЕХИР (АА) - Селчук Кизилдаг
Универзитетот „Анадолу“ (АУ) веќе 3 години ги чисти книгите од библиотеката во Универзитетскиот кампус со системот „туш за книги“ (Book Shower), по што книгите со убав мирис повторно се враќаат на полиците за да можат да ги користат студентите.
Со одобрување на Ректоратот, купени се две машини и веќе 3 години им се на располање на студентите. Машините за 40 секунди со ултравиолетови зраци ги чистат кориците и страниците на книгата.
Во библиотеката на Универзитетот „Анадолу“ (УА), во која се наоѓаат 300.000 книги, книгата што ја позајмува студентот, пред да биде вратена на полиците, се става под туш.

Проф. д-р Шафак Ертан Чомакли, ректор на Универзитетот „Анадолу“, за АА изјави дека како универзитет се отворени за новитети.
Истакнувајќи дека проектот „туш за книги“ е важен од аспект на здравјето на луѓето, Чомакли рече: „Кога се враќаат книгите за следните читатели, тие треба да се чисти. Во иднина ќе има студенти што ќе сакаат да ги читаат тие книги. Наша цел е покрај размислувањето за здравјето на нашите деца, да го зголемиме и векот на траење на една книга“.
- „Мојот испит се моите студенти“
Чомакли нагласи дека изреката „Книгите од прашливите полици“ се однесува на векот на траење на книгата, и продолжи со зборовите:
„Кога ќе се спомене изреката „Книгите од прашливите полици“ не треба да се помислува дека средината во која тие се наоѓаат е валкана, ̓рѓосана. Под прашливи полици се подразбира староста на книгата. Ние сакаме околу 300.000 книги од нашата библиотека да ги зачуваме за во иднина. Затоа книгите ги ставаме под туш, им нанесуваме парфем, за да може потоа студентите да ги користат чисти и со убав мирис. Неодамна, ненајавено, во вечерните часови ја посетив библиотеката. Разговарав со нашите студенти. „Професоре, дали некогаш спиете?“, ме прашаа студентите. На моето прашање: „Зошто вие не спиете?“, ми одговорија: „Учиме за испити“, на што јас им одговорив: „Мојот испит се моите студенти“. Универзитетот се грижи за нивното здравје, за нивната иднина, мораме да работиме.“
Гувен Тунџел, претседател на Одделот за библиотека и документација на Универзитетот „Анадолу“, истакна дека проектот е многу засакан од страна на студентите.
„Во моментот во нашата библиотека имаме околу 300.000 книги. Книгите се позајмуваат и шетаат од рака на рака. Всушност, таквата ситуација навистина претставува сериозна закана по здравјето на студентите. Затоа ние почуствувавме потреба од ваков новитет“, рече Тунџел.

- „Мене ми одговара“
Мерве Унлу, студентка на Катедрата по англиски јазик при Универзитетот „Анадолу“, истакна дека често позајмува книги од библиотеката. „Бидејќи книгите што се позајмуваат од библиотеката не знаеме како се користат, овој начин на чистење многу ми се допадна. Барем мене ми одговара, бидејќи од библиотеката позајмувам многу книги. Дезинфекцијата на книгите е многу логична работа. Им го препорачувам и на моите пријатели“, нагласи таа.