Seyit Ahmet Aytaç
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 42 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул се издадени налози за апсење на 33 припадници на ФЕТО, како дел од тековната истрага за инфилтрацијата на групата во турската Армија“, изјави полициски извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Осомничените, меѓу кои има војници на должност и некои државни службеници, вклучително и полициски службеници и професори, се товарат со обвинение дека се имами на терористичката организација.
Меѓу нив има 12 војници, еден банкар, истражувачки асистент, тројца полициски офицери, тројца професори и некои други службеници.
„Полицијата спроведе истовремени рации во 20 области за да ги уапси осомничените“, додаде изворот.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се издадени налози за апсење на девет осомничени лица во Хаџетепе Текнокент.
Полицијата во истовремените операции во Анкара и Истанбул уапси четири од девет осомничени лица.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Коња вчера беа издадени налози за апсење на 50 осомничени лица, вклучувајќи и војници на должност.
„Вкупно 40 осомничени лица се уапсени денес. Полицијата е во потрага по останатите 10“, додава изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, се одговорни за неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.