Nilay Kar
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ШИРНАК/ВАН (АА) - Висок припадник на терористичката организација ПКК, за кого имаше распишано награда од 300.000 турски лири (55.311 долари), им се предаде на безбедносните сили во турската источна област Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ридван Ерташ, чие име беше на сивата листа на барани лица на турското Министерство за внатрешни работи, се предаде на граничниот премин „Хабур“ на турско-ирачката граница“, соопштија од Канцеларијата на гувернерот.

Листата на барани лица е поделена во категории со пет бои според приоритет, црвената како категорија во која се вклучени најбараните лица, потоа сина, зелена, портокалова и сива.
„Ерташ (24) ѝ се приклучил на терористичката организација од југоисточната турска област Дијарбакир“, истакнаа извори.
Турските безбедносни сили уапсија и 20 осомничени на ПКК/КЏК, како дел од паралелните антитерористички операции во источната област Ван, соопшти денес Командата на жандармеријата на Ван.
Осомничените, исто така, се товарат за пружање помош на терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.