Ahmet Erkan Yiğitsözlü
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ХАТАЈ (АА) - Абдулкадир Доган, кој живее во селото Башламишли во населбата Ерзин во јужниот турски град Хатај, по пензионирањето , поради својата љубов кон книгите дошол до идеја својот дуќан го претвори во библиотека, јавува Anadolu Agency (AA).
74-годишниот Доган кој целиот ден го поминува во неговата библиотека, во разговор за АА рече дека сите книги и списанија кои ги прочитал за 60 години, касети и дискови ги чува во библиотеката која ја направи во својот дуќан.
Објаснувајќи дека тој почнал да чита во основно училиште и за љубовта кон читањето му заблагодари на наставник по турски јазик, Доган открива како дошол до идеја од дуќан да направи библиотека.
"Сите книги и списанија кои сум ги прочитал, дискови и касети кои ми беа дадени како подарок и јас ги купив беа толку многу што немав простор во мојот дом каде да ги чувам. Откако се пензионирав од самопослугата уште кратко време го работев тој дуќан. Пред 6 години го затворив дуќанот и го претворив во библиотека" , открива Доган.

- "Книгите ми се најдобри пријатели"
Доган вели дека секој ден кога доаѓа на работа доаѓа право во библиотеката, го поминува своето време читајќи книги и слушање музика.
Истакнувајќи дека тој го чува дневникот на сите книги и списанија, каде се напишани на класифициран начин и на сите им е поставен број, Доган објаснува дека во неговата богата библиотека има повеќе од 1300 книги од различен жанр.
"Во текот на мојот живот не сум отстанил ниту една книга која сум ја прочитал. Во мојата библиотека има 1 илјада 343 книги. Книгите обично се од видот на религиозна, историја, литература, култура и романи. Во мојата архива има 357 списанија. Ова се списанија издадени од страна на Претседателството на верски прашања и списанија со религиозна содржина. Исто така имам желба за музика, каде што во мојата библиотека има до 2 илјади 500 ленти и дискови на популарната музика и класичната музика, како и од локални уметници", вели Доган, раскажувајќи за својата библиотека.
- Библиотека со лик на продавница
"Јас овде создадов еден мој свет. Книгите се моите најдобри пријатели. Понекогаш моите пријатели ми доаѓат на посета, а понекогаш и соседите од маалото и децата. Оние кои доаѓаат за прв пат во селото се изненадени кога гледат библиотеката со лик на продавница. Локалните жители се навикнати на оваа ситуација", раскажува Доган, говорејќи за својата библиотека во која поминува голем дел од своето време.
Жалејќи поради немањето навика за читање кај помладата генерација, тој вели дека развојот на технологијата има негативно влијание врз навиката за читање кај младите.
"За жал, телевизорот, компјутерот и интернетот негативно влијаат на навиката на читање. Во наше време за да се постигне знаење немаше друга алтернатива, освен со книга, списание и весник. Додека денешната генерација ги преферира паметните телефони и интернетот. Додека телевизорот негативно влијае на љубовта кон книгата и читањето", смета Доган.