Admir Fazlagic
19 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Македонската опера и балет започнаа предвидените активности во рамките на овогодинешниот "Fashion&Lifestyle Expo" во организација на Моментум Инк, настан кој на посетителите им нуди од близу да ги погледнат последните модни трендови и новитетите во областа на технологијата, електрониката, автомобилизмот, внатрешното уредување, проследени со музичка и шоу програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот беше свечано отворен синоќа, а денес започнаа предвидените активности во ракмите на овој настан кој ги презентира модните трендови и достигнувањата во областа на технологијата, електрониката, автомобилизмот и внатрешното уредување.
Со "Патување и животен стил: приказна раскажана низ романите на Елизабет Адлер" , започна денешната програма по што следуваше излагањето "Skopje Casual - како до успешен моден блог во Македонија" , а потоа беше одржана и модна работилница за градење личен стил.
За утрешниот ден, недела, предвидена е едукативно-креативна работилница за деца насловена "Да се запознаеме со Бреинобраин" , како и низа други активности во кои тема ќе биде животниот стил.