свет

Макрон за состанокот со Ердоган: „Помина во мирна атмосфера“

Францускиот претседател изјави дека, меѓу останатото, разговарале за вредностите на НАТО.

Yusuf Özcan  | 15.06.2021 - Обновена : 15.06.2021
Макрон за состанокот со Ердоган: „Помина во мирна атмосфера“

ПАРИЗ

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека неговиот состанок со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот на НАТО во Брисел, се одвивал во мирна атмосфера, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Наведувајќи дека на Самитот ги разјасниле вредностите и мисијата на НАТО, Макрон потсети дека имал состанок со Ердоган.

Францускиот претседател изјави дека, меѓу останатото, разговарале за вредностите на НАТО.

Според неговите зборови, разговарале и за Либија. Се усогласиле околу важноста за зачувување на прекинот на огнот, како и за поддршката за одржувањето на изборите на 24 декември.

Макрон изјави дека се сложиле и кога станува збор за повлекувањето на странските воини и платеници.

Се усогласиле за заедничко дејствување по тоа прашање.

„Тоа не е во потполност до нас двајца“, истакна Макрон.

Наведувајќи дека сака со Ердоган да работи на ова прашање во текот на наредните недели, Макрон нагласи дека состанокот со Ердоган се одвивал во мирна атмосфера.

Макрон изјави дека двете страни не очекувале извинување поради острите изјави во последниот период.

Како што изјави, за време на состанокот е изразена волја за заедничка работа.

Макрон изјави дека на состанокот разговарале и за прашањето за исламот, и дека на Ердоган му кажал оти политиката на Франција не е да напаѓа вера. Тој додаде дека за нив е важно да се почитуваат сите религии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.