Mümin Altaş
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
БАКУ
Турција денес, а целиот свет нека знае дека и утре ќе биде со Азербејџан, е пораката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, кој престојува во посета на Азербејџан, се обрати пред пратениците на државниот Парламент. Во текот на таа пригода Ердоган јасно порача дека неговата земја секогаш ќе му биде силна поддршка на Азербејџан.
„Турција денес со сите средства е со Азербејџан, целиот свет нека знае дека и утре ќе бидеме со него“, нагласи Ердоган.
Говорејќи за победата на Азербејџан во регионот Нагорно Карабах, Ердоган нагласи:
„Никого нека не го вознемирува оваа победа, бидејќи тоа е победа на изградба, а не на уништување. Тоа е победа на правдата, а не на угнетување.“
Порача дека мирот на Кавказ не е само во корист на Азербејџан, туку на целиот регион и светот, вклучувајќи ја и Ерменија.
„Не само Азербејџан, туку и сите земји во регионот, вклучувајќи ја Ерменија и светот, ќе имаат корист од мирот и спокојот на Кавказ. Уверени сме дека патот кон трајниот мир води преку соработката која народите и државите од регионот ќе ја градат на база на заемна доверба“, рече Ердоган, и додаде:
„Карабах е место каде им се расипани плановите на оние кои светот го гледаат како упориште на своите политички и економски амбиции.“
Нагласи дека секој кој сака да ја види разликата помеѓу цивилизациите и вандализмот, треба да дојде и да ја погледне разликата помеѓу двата периоди во Карабах.
„Во моментот кога Ерменија ќе ги реши своите проблеми со Азербејџан, ние како Турција ќе ги преземеме потребните чекори“, истакна Ердоган, и порача:
„Ќе ни биде задоволство градот Шуша, културната престолнина на Азербејџан, следната година да ја прогласиме и за културна престолнина на туркискиот свет.“