Gökhan Kavak
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Во Африка милиони деца не можат да одат на училиште поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и вооружените конфликти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Организацијата за заштита на човековите права „Да ги сочуваме децата“ (Save the Children), се упатува повик до владите и меѓународните организации да обезбедат соодветни средини за да можат децата да одат на училиште.
„Милиони деца не можат да одат на училиште во Африка поради епидемијата на Ковид-19 и вооружените конфликти“, се нагласува во соопштението.
Посочувајќи дека образовниот систем е уназаден поради тоа што децата не можат да одат на училиште, во соопштението се упатува повик да се преземат неопходните чекори за да се спречи оваа состојба.
Низ светот постојат околу 160 милиони деца работници. Во Африка детскиот труд е најраспространет - едно од пет деца е работник.