Кремљ: Ограничувањата на интернетот во Русија ќе траат „онолку долго колку што е потребно“ за безбедноста на граѓаните
„Мислам дека граѓаните не треба да се сомневаат дека главниот приоритет е обезбедувањето на сигурноста. Повторувам уште еднаш, сè е во строга согласност со важечките закони“
МОСКВА (АА) - Ограничувањата на Русија за пристап до интернет ќе траат „колку што е потребно за да се осигура безбедноста на граѓаните“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу.
Одговарајќи на прашање од новинарите колку долго ќе траат рестрикциите, Песков на прес-конференција во Москва рече дека „граѓаните немаат сомнеж“ дека мерките се воведени со цел да се гарантира нивната безбедност.
„Онолку долго колку што ќе бидат потребни дополнителни мерки за осигурување на безбедноста на нашите граѓани. Мислам дека граѓаните не треба да се сомневаат дека главниот приоритет е обезбедувањето на сигурноста. Повторувам уште еднаш, сè е во строга согласност со важечките закони“, изјави тој.
Песков додаде дека проблемите што овие ограничувања им ги создаваат на бизнисите се „друго прашање“, нагласувајќи дека тие „секако треба да станат тема за дискусија во надлежните институции“ со цел да се минимизираат економските загуби.
Откако рускиот Парламент усвои закон со кој на Федералната служба за безбедност ѝ се дозволува да го блокира интернет-пристапот, дел од јавноста се пожали дека не може да користи интернет надвор од домот или канцеларијата.
Во моментов, мобилниот интернет функционира многу слабо, додека стабилна врска е можна главно преку безжичен интернет.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
