свет

Се урна авион во Дубаи, загинаа 4 странски државјани

Мал авион од типот „Diamond DA42“ со тројца Британци и еден Јужноафриканец, се урна на меѓународниот аеродром во Дубаи

Hussein Mahmoud Ragab Elkabany, Zeynep Hilal Karyağdı  | 17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Се урна авион во Дубаи, загинаа 4 странски државјани

АБУ ДАБИ (АА) - Во Дубаи, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се урна авион. Во оваа несреќа животот го загубија 4 лица, од кои тројца Британци и еден Јужноафриканец, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според WAM, официјалната новинска агенција на ОАЕ, мал авион од типот „Diamond DA42“ со четири лица во него, се урнал на меѓународниот аеродром во Дубаи.

Во веста се вели дека во несреќата загинале тројца Британци и еден Јужноафриканец, а по кус период на прекин на работата на аеродромот во Дубаи, авиосообраќајот на овој аеродром повторно е вратен во нормала.

Канцеларијата за односи со медиумите на Владата од Дубаи соопшти дека е можно до несреќата да дошло поради техничка грешка на леталото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın