Sayed Khodaberdi Sadat
03 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а едно е рането во бомбашки напад во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на полицијата, Фераидун Убаиди соопшти дека утрово е извршен бомбашки напад на службено возило на авганистанското Министерството за одбрана.
Експлозивна направа поставена на мотоцикл експлодирала утрово во Кабул, во моментот кога поминувало возилото на Министерството за одбрана.
Во силната експлозија загинаа две, а беше повредено едно лице.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а истрагата е во тек.